|
Во своето
повеќегодишно постоење и
развој ЕМУЦ
" Св. Наум Охридски "
-Охрид бележи неколку фази:
-Формирање на Центарот, во
есента 1966 год. со 4 паралелки од метаалска струка, опфатени
140 ученици и 8 вработени во Центарот.
-1970/71 поради големиот интерес
и потребите на охридското стопанство верифицирана е паралелка
за машински техничари, а во 1973 и паралелки од трет и четврт
степен од електротехничката струка, и со тоа се врши и промена
на името од Металски во Електромашински Центар. |
 |
|
|
Учебната 2006/07 има 27 паралелки,
591 ученици во електротехничката, машинската и
сообраќајната струка и 65
вработени.
Центарот е добитник на
Седмоноемвриската награда во 1987 год.-највисоко признание на
Охрид, а во 1990 година прогласен е за најуспешен Центар.
Центарот
учествуваше во проектот "
Економско
образование за
млади"
организирано од страна на Бирото за
млади.
|
|
 |
Во рамките на проектот на GTZ
и Бирото за развој на
образованието,
ЕМУЦ
" Св. Наум Охридски "
се здоби со опрема за
електротехничката струка. Во новата лабораторија се наоѓаат девет
работни маси за 18 ученици, во кои можат да се изведуваат вежби
од:
1. електрични инсталации:
- систем со кутии;
- назидни инсталации;
-
систем со откривање на
грешки;
|
|
2. електромоторни погони (трофазни и монофазни асинхрони мотори),
управувани со контакторски кола и
сигнализација.
3. систем со куфери вежби од електроника.
|
|
Исто
така во употреба е во употреба е новиот кабинет за сметачка
техника и автоматика, опремен со дваесет компјутери Pentium 4,
донација од Кинеската влада. |
|
|
|

|
Машинскиот смер располага со
работилница опремена со машини, алати и помагала за изведување на
практична настава од профилите: металостругар, металоглодач,
алатничар, бравар и сл.
|
ЕМУЦ "
Св. Наум Охридски " во текот на своето
работење одржува контакти и соработува скоро со сите
претпријатија во општината Охрид. Од електротехничката струка
посебно се издвојува соработката со АД " EMO
"
- ОХРИД како и некои
приватни фирми, каде се одвива и дел од практичната настава.
Исто така во ЕМУЦ "
Св. Наум Охридски " се здобиваат со
V-степен на образование
вработени лица од други фирми со кои училиштето соработува.
Од машинската струка дел од практичната настава се изведува во
претпријатијата АД"Алатница",
АД"АГП"
и др., а механичарите практичната настава ја изведуваат во
приватните автосервиси во Охрид.
|